Денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.
Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во петок и сабота ќе преовладува претежно стабилно и потопло време. Од недела следува период на нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.
Можеби ќе ве интересира: