Временска прогноза

veles

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Zito akcija 640x289px

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 34 до 41 степен. УВ=9.

Agria

Според најавите од УХМР, и утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температури во југоисточните подрачја повторно ќе надминат 40 степени.

Во среда ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а услови за локален дожд ќе има и во четврток, кога температурите ќе опаднат за неколку степени.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22853/video-borecz-so-poraz-ja-otvori-fudbalskata-sezona/