Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за локален слаб дожд.
Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во наредните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра и со појава на мала до умерена облачност во текот на денот.
Можеби ќе ве интересира: