Сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во среда ќе има изолирана, а во четврток на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Од петок и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи.
Можеби ќе ве интересира: