Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. UV=6
Од петок под влијание на јужно воздушно струење времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме.
Moжеби ќе ве интересира: