До среда времето во земјава ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На повеќе места, според УХМР, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.
Содржината продолжува под рекламата
Времето денес претпладне ќе биде умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град.
Содржината продолжува под рекламата
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.
Можеби ќе ве интересира: