Наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови на државата, најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска, 15 септември.
Се очекува да дува и умерен ветер во поголемиот дел од државата додека во југозападните делови тој ќе достигне и над 70 километри на час.
Температурата во текот на денот ќе се движи од 16 до 24 степени.
Според УХМР, и во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Температурите во следниот период ќе се задржат пониски, а кон средината на неделата се очекуваат и пообилни врнежи.
Можеби ќе ве интересира: