Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност.
Преку денот ќе има променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по некои котлини.
Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени. Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.