Променливо облачно време со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови (20л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и снег. Од недела до среда по котлините ќе има услови за појава на магла.