Утрото студено со појава на магла по одделни котлини, а преку ден променливо облачно со сончеви периоди во источните делови од Македонија. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до 0°C, а максимумот од 4 до 11°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-13 Берово, -8 Крива Паланка, -6 Битола, Прилеп, -5 Виница, Маврови Анови, -3 Тетово, Штип, -2 Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, -1 Демир Капија, 0 Гевгелија, Крушево, 1 Попова Шапка.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
52 Попова Шапка, 45 Маврови Анови, 18 Битола, 11 Тетово, 8 Демир Капија, 7 Штип, Берово, 2 Крива Паланка.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 7.0, Преспанско Езеро 2.5, Дојранско Езеро 5.6.