Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток претежно во планинските региони ќе има повремен локален снег, а на повисоките места во западните и северните делови повремен дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и суво, а локални врнежи од дожд, на планините од снег повторно се очекуваат во недела.