Променливо облачно со сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во крајните јужни и источни делови од земјава ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 19 степени.
Времето во Велес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоиссток. Температурите ќе се движат од минимални 7 до максимални 18 степени.