Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (и над 20 л/м2). Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а дневните од 17 одо 25 степени.
Содржината продолжува под рекламата
До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локални поројни врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град. Од вторник ќе настапи стабилизација со пораст на дневната температура.
Можеби ќе ве интересира: