Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес

izlozba vo Europe House
izlozba vo Europe House

Eроамбасадорот Дејвид Гир заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и пратениците Даниела Стојановска-Пановска и Ненад Коциќ синоќа во новоотворената Европска куќа во Велес присуствуваа на отворањето на изложбата „На работ на зборовите“, на галеријата „Акантус“, а под кураторство на Дијана Томиќ-Радевска.

Zito akcija 640x289px

Со отворањето на изложбата македонските уметници Оливер Мусовиќ, Славица Јанешлиева, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристевска, Анета Попова и Стефан Младеновски, преку своите дела, со велешани ја споделија уметничката порака за моќта и поврзаноста на зборот, јазикот и комуникацијата.

Agria

Новата петта по ред Европската куќа, е нов дом за велешани и за сите оние коишто веруваат во значењето на дијалогот и размената на идеи, за сите кои со гордост ја негуваат својата култура и традиции и кои го споделуваат идеалот на обединета Европа, истакна Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го отворањето на новиот урбан простор во Велес.

Настанот беше мешавина од креативност и дијалози и ја отслика посветеноста на Europe House за поттикнување дискусии преку креативноста и универзалниот јазик наречен уметност.

На отворањето, прозвучија и стиховите од великанот на современата македонска поезија Кочо Рацин, кои ги прочита младата поетеса Марија Грубор придружувана со гитарски настап на џез музичарот Филип Букршлиев.

Изложбата е отворена до 22ри септември и истата можете да ја посетите во нашите простории.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: