Ковид статистиката на Министерството за здравство регистрира три нови случаи на коронавирус во Велес, а оздравени се 18 велешани.
Во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје 76 -Кавадарци 19 -Неготино 9 -Прилеп 6 -Велес, Охрид и Струга по 3 -Куманово и Тетово по 2 -Битола 9 -Гостивар, Штип, Кичево, Виница, Македонски Брод и Демир Капија по 1.
Починати се 13 лица, 5 пациенти од Скопје (76г, 70г, 61г, 58г, 54г ), 2 пациенти од Кавадарци (87г, 78г ), и по еден пациент од Тетово (73г), Куманово (79г), Охрид (66г), Гевгелија (73г), Прилеп (80г) и Неготино (61г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 342 оздравени пациенти од:-Скопје 101 -Кавадарци 49 -Делчево 45 -Охрид и Струга по 22 -Велес 18 -Прилеп 14 -Неготино 11-Тетово 7 -Куманово 6 -Гостивар, Демир Капија, Свети Николе и Берово по 5 -Штип 4 -Гевгелија, Радовиш и Валандово по 3 -Битола, Струмица, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци по 2 -Кочани и Кратово по 1.
Досега во Македонија се направени вкупно 503.565 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590.
Можеби ќе ве интересира: