Индискиот сој на вурусот е потврден кај уште еден пациент во Македонија, кој се лекувал во приватна боница, потврди денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Станува збор за колега на првоткриениот случај со овој мутиран сој кај нас, кој беше регистриран на 7 јуни. И двајцата биле на работа во Ирак, со истиот лет се вратиле во земјава, но кај вториот пацинет, симптомите се појавиле подоцна. Министерот Филипче тврди дека состојбата е под контрола и овој пациент не е ризик.
Министерот вели дека сите вакцини штитат и од индискиот и од другите форми на мутации од смртен исход и од тешки компликации на болеста.
Филипче очекува кон крајот на месецот да пристигнат поголеми количини на вакцини во земјава, 100 илјади фајзерови и 500 илјади на Синовак и во текот на летото да се изврши имунизација на населението до степен на колективен имунитет.
Инаку, според Светската здравствена организација, индискиот сој станува доминантен во светот.
Можеби ќе ве интересира: