Денеска во Брисел треба да продолжи дијалогот за нормализирање на односите помеѓу Белград и Приштина. Повторна среда ќе имаат Претседателите на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти. Домаќини на состанокот се Јозеп Борел високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, и специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог Србија – Косово Мирослав Лајчак.
ЕУ соопшти дека на средбата ќе бидат разгледани прашања за малцинските заедници, меѓусебните побарувања и имотот, како дел од патот кон сеопфатен договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.
Претседателот на Србија вчера пристигна во Брисел од Вашингтон и се одржа состанок Лајчак, но и со специјалниот пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер. Вучиќ најави дека на денешниот дијалог ќе се разговара за три клучни теми – за исчезнатите лица, за внатрешно раселените лица и за економијата и најави дека една од темите ќе биде и Здружението на српски општини.
Косовскиот премиер Хоти, пак, најави дека денеска со Вучиќ ќе разговара за конечниот договор за заемно признавање и нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.
Вучиќ и Хоти, заедно со американскиот претседател Трамп потпишаа договорво Вашингтон за економско нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Лансиран во 2011 година, процесот предводен од ЕУ ги промовира разговорите меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите меѓу двете балкански земји и изнаоѓање на заемно согласно решение за споровите.
Можеби ќе ве интересира: