Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека КФОР го одби барањето на Србија за враќање на војската на Косово.
„Мислам дека многумина не се изненадени на одговорот, ми се чини дека сите го знаевме и го очекувавме тој одговор. Во нивното внимателно составено писмо упатено до Владата на Србија, а потоа и преку воениот кабинет со кој бев запознаен, тие одговорија дека нема потреба од враќање на српската војска и вооружените сили на Србија на територијата на Косово, повикувајќи се на резолуцијата 1244 каде ја нагласуваат својата улога, но не повикаа на делот од Резолуцијата каде што тоа е дозволено“, рече Вучиќ на ТВ Пинк.
Како што додаде, писмото било доставено на Бадник. Вучиќ смета дека позитивен одговор на тој ден би било добро и дека е несоодветно да се испрати негативен одговор на таков празник.
Можеби ќе ве интересира: