Вучиќ: Вакцините за Македонија се пријателски и братски потег

Aleksandar Vucic
Aleksandar Vucic

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата на која беше најавен почетокот на денешната масовна имунизација во Србија, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека вакцините за Македонија се пријателски и братски потег и дека Србија може да биде задоволна само ако и соседите се задоволни, пренесува телевизија 24.

Zito akcija 640x289px

„Разговаравме со Северна Македонија во рамките на т.н. мини Шенген. Би сакал да констатирам дека нема ништо да ни вреди сите нас да бидеме здрави, а луѓето во соседството да имаат безброј проблеми. Ние можеме да бидеме среќни само ако и соседите се среќни и задоволни. Секако дека треба да му помогнете на некого кога му е тешко, онолку колку што можеме да помогнеме, ќе помогнеме. На премиерот Зоран Заев кој бараше и се бореше за својата земја да обезбеди нешто и јас мислам дека ова не е само пријателски и братски потег кон народот во Северна Македонија, ова ја покажува и нашата одговорност, дека не живееме во затворен сад, туку дека мора да размислуваме и за нашите комшии, како што сум сигурен дека и тие нас би ни помогнале“, изјави Вучиќ.

Agria

Тој додаде дека доколку утре Република Српска и Босна и Херцеговина и Албанија побараат вакцини, дека исто така ќе помогне.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: