За дури 56,4 отсто е зголемен бројот на нови случаи на ковид-19

Infektivno Veles 997x485
Infektivno Veles

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 22 до 28 февруари 2021, тестирани се вкупно 20.161 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на ковид-19, 27,2% повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 56,4% во однос на минатата недела.

Zito akcija 640x289px

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци 641,4/100.000)
Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7%, просечно 17,9%.

Agria

Голем број заболени се регистрирани и во возрасните групи од 30 до 39 години (18,4%), 40-49 години (18,2%), 50-59 (16,9%) и 20-29 години (14,6%).

Најмалку заразени, пак, има кај децата до 9 години (1,7%), додека во групата деца и тинејџери од 10-19 години биле 5,2% од вкупниот број тестирани.

Кога станува збор за бројот на излекувани пациенти и починати, пак, речиси и да нема разлики.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: