Зголемувањето на платите на медицинскиот персонал ќе продолжи да биде еден од приоритетите на СДСМ. Како што наведува д-р Венко Филипче, единствено преку вреднување на нивниот труд и посветеност, медицинскиот персонал ќе се задржи во македонските болници.
„Здравствената заштита е еден од најважните сегменти на нашето општество, а пристапот до квалитетна здравствена услуга дадена од врвни професионалци е цел на системски планирани политики. Во таа насока, планираме драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал. Докторите специјалисти да имаат плата од 140.000 до 180.000 денари, општите доктори плата од 120.000 денари, а медицинските сестри плата од 60.000 до 90.000 денари“ – вели Филипче.
Тој наведува дека и во минатото се направени крупни инвестиции за поддршка на здравствените работници преку постојано вложување во нивните плати.
„Основната плата на специјалистите ја зголемивме за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри на клиниките помеѓу 20% и 23%, а на здравствените соработници за 15%. Ги зголемивме и коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници“, додава Филипче.
Зголемувањето на платите на медицинскиот персонал не е само предност за нив, туку и за сите граѓани кои заслужуваат квалитетна здравствена заштита, додава Филипче.
Moжеби ќе ве интересира: