За нелегално поседување оружје и муниција во тетовскиот регион лани 22 пријави, од почетокот на годинава пет

oruzje

Во тетовскиот регион за поседување оружје и муниција без дозвола во текот на изминатите четири месеци од 2023 година откриени се и добиле кривична пријави пет лица,  додека во 2022 година откриени се 22 кои се товарат за истото дело.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Осомничените лица се соочуваат со кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ според член 396 од Кривичниот законик.   За вакво сторено кривично дело предвидени се казни со затвор од три до десет години.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Во изминатите четири месеци од годинава, регистрирани се 6 вакви кривични дела, во кои биле инволвирани пет (5) лица, кои биле опфатени со три (3) кривични пријави, а било пронајдено и одземено: 3 пиштоли, 1 ловечка пушка, 1 рачна бомба и 373 куршуми од различен калибар, 1 револвер, 2 полуавтоматски пушки, 1 ловна пушка, 2 рамки и 1 топовски удар. Во периодот за кој станува збор изготвени се и 20 прекршочни барања по Законот за оружје (член 80), најмногу за пронајдени ножеви, боксирачи, безбол палки, гасни пиштоли и така натаму. Без сопственик, пак, пронајдени и одземени се 2 гранати“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Минатата година 2022 на подрачјето на СВР Тетово вкупно регистрирани се 16 кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик. Во нив биле инволвирани 22 лица кои биле опфатени со 13 кривични пријави.

„Во овие кривични дела биле пронајдени и одземени :  2 пиштоли, 2 автоматски пушки, 2 ловечки пушки, 1 автоматски пиштол, 1 револвер, 1 сигнален пиштол  432 парчиња муниција, 9 патрони за ловечка пушка,, 4 рамки, 8845 петарди и 159 огномети. Покрај ова, по Законот за оружје (член 80) биле изготвени  56 барања за поведување на прекршочна постапка против 57 сторители, најмногу за поседување на метални боксирачи, ножеви и гасни пиштоли“, информира портпаролот Јосифоски.

Во овој период изготвени се и три  барања за пронајдено оружје без сопственик.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38310/od-utre-policziski-patroli-vo-blizina-na-sekoe-uchilishte-vo-srbija-i-na-site-javni-mesta/