За прв пат по пет месеци, Австралија нема нови случаи на коронавирус

Avstralija corona

Австралија денес за прв пат по скоро пет месеци не пријави нови дневни случаи на инфекција со коронавирус, соопштија здравствените власти, со што се ослободи простор за понатамошно ублажување на мерките за социјална далечина.

Zito akcija 640x289px

Брзите и ригорозни мерки во комбинација со согласност на заедницата беа добра комбинација за запирање на пандемијата, така што не го преплави австралискиот здравствен систем.

Agria

Главниот здравствен службеник на Викторија, Брет Сатон во неделата даде зелено светло, дека ограничувањата за движење во државата може да се намалат во наредните денови, но повика на натамошно придржување кон мерките. 

Австралија регистрира нешто повеќе од 27 500 случаи од почетокот на пандемијата.

Таа на почетокот реагираше брзо со затворање на границите и воведување мерки за социјално растојание, како и опширно тестирање и следење на контактите.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14984/brojot-na-zarazeni-vo-eden-den-nadmina-iljada-vo-veles-50/