Забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, предлага Комисијата за заразни болести

svadba

Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот.

Zito akcija 640x289px

За таа цел Комисијата за заразни болести (КЗБ) и министерот за здравство Венко Филипче до Владата ќе предложат нови мерки за Тетово и регионот со цел да се се спречи рапидното ширење на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство (МЗ).

Agria

Предложена е забрана за оджрување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави, исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти да не надминува надминува 30 отсто, а на масите да не смеат да седат повеќе од 4 лица. Договорено е и да се засилат контролите за носењето на заштитни маски и да се засили теренската вакцинација.

Оттаму велат дека анализите кои биле изработени од Институтот за јавно здравје укажуваат дека вирусот пред се, се шири кај невакцинираните, односно над 90% од новите случаи се невакцинирани граѓани. Од друга страна пак, укажуваат дека опфатот со вакцинација во Тетово е под 20 отсто.

Инаку, вкупниот број на активни случаи во земјава изнесува 1.268 лица, додека во Тетово бројот на активни лица е 379.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22827/dik-gi-utvrdi-povazhnite-rokovi-i-datumi-za-lokalnite-izbori/