Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија 21 истакна дека му е многу мило за наградата од Берлин, бидејки тоа е награда за народот, кој донел мудри и внимателни одлуки.
„Во последните три извештаи на ЕУ сме позитивно оценети, имаме договор со Бугарија како подлога за заедничка иднина. Покажавме европски манири, и кога Европа требаше да го испорача европското, тоа не се случи. Затоа велам ова е пораз на ЕУ. Постојат отворени можности до декември нешто да се смени. Јас, Владата, Парламентот, целиот народ да продолжиме во духот на пријателство да ги градиме односите. Голема неправда е тоа што се случува и мене лично ми е жал. Но, ваквата одлука не е на Борисов и на бугарскиот народ. Да дадеме шанса и во следните денови нешто да се промени. Се остави простор до декември, кога и е замислено да се одржи меѓувладината конференција“, изјави премиерот Зоран Заев, во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.
Заев дополни дека Европа е таа која треба да не мотивира да ги почитуваме европските вредности. Затоа според него државата нема друга алтернатива освен да продолжи напред, кон ЕУ.