Заев: Јас лично сум за настава со физичко присуство

Gimnazija Koco Racin-Veless
Gimnazija Koco Racin-Veless

Јас би сакал наставата од септември да биде со физичко присуство ако КОВИД-ситуацијата тоа го дозволува, но комисијата за заразни болести е таа што одлучува, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Zito akcija 640x289px

Премиерот Заев информира дека во понеделник во 9.00 часот штабот треба да одржи состанок на кој ќе бидат соопштени деталите за евентуалното олабавување на мерките во однос на рестораните за свадби и можностите за присуство на трибините во сали и на стадион.

Agria

„За училиштата имам свој став. Но, секако, најважно е каква ќе биде состојбата кон крајот на август. Сепак, јас лично сум за настава со физичко присуство. Мислам дека ќе имаме стабилна состојба и сега ова, кога бројките се намалени, би требало да биде добра основа за настава со физичко присуство. Ако потоа има потреба ќе одиме со затворање или други мерки“, рече Заев.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: