Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција изјави дека недела ќе биде неработен ден. Oва стартува од 1 октомври.
Недела ќе биде ден за одмор, а законските измени и решенија се поднесени до Собранието. Работниците кои сепак би морале да работат во недела ќе добијат повисока плата (дневница до 50 проценти повеќе) за тој ден и слободен друг ден во текот на работните денови.
Заев најави дека предлог-измените веднаш ќе бидат доставени до собраниска процедура. Тој рече дека целта е да се постигне рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот дел од животот на работниците.
Законските измени вели дека се донесени во инклузивен процес со работодавачите и со синдикатите.
„Недела станува неработен ден, ден на неделен одмор. Ја продолжуваме поддршката и грижата на работниците, а во фокусот на нашето внимание беше значењето на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот. Оваа рамнотежа придонесува работниците да бидат поефикасни и мотивирани на работното место, а и да имаат приватен живот, семеен и социјален. Оваа грижа за благосостојбата за мотивацијата на работниците е вградена во предложените законски решенија. Посебна грижа во дизајнирањето на законот е вложена кај работниците во секторите кај кои не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес. На овие работници освен што ќе им следува плата за работа во недела, ќе им се обезбеди и слободен ден во текот на неделата“, рече премиерот.
Тој додаде дека за непочитување на овие одредби се предвидени високи казни.
„Освен здравјето на луѓето, пандемијата загрози илјадници работни места. На прво место се работниците, обезбедивме поддршка да се зачуваат илјадници работни места. Работнте места на прво место беше главната цел, и задоволен сум што за оваа цел немавме противници. Имаме најнисок праг на невработеност – 16 проценти. Докажавме дека работниците се движечката сила на економијата и покрај ударот од пандемијата платите ќе продолжат да растат“,рече Заев.
Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Владата, паралелно, донесе и измени на Законот за трговија, кои се услогласуваат со измените во Законот за работни односи за недела – неработен ден. Тој рече дека исклучок од неработењето в недела се продавници и штандови за продажба на сладолед, колачи, весници, апетисани… во туристички центри, продавници во трговските центри, кои може да работат само една смена – од 10 до 18 часот, штандови за време на саеми и други настани, продавници за трговија на мало каде што трговијата ја врши сопственикот.
Можеби ќе ве интересира: