Заев: Владата ќе испрати финансиска помош за настраданите во Хрватска по денешниот земјотрес

hrvatska zemjotres
hrvatska zemjotres

Владата на Република Северна Македонија како помош ќе испрати 100.000 евра Република Хрватска, по силниот земјотрес од 6,2 степена кој денеска ја погоди земјата, соопшти премиерот Зоран Заев.

Zito akcija 640x289px

„Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите“, напиша Заев.

Agria

Тој упати силна поддршка до хрватскиот колега Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот.

Најпогоден во силниот земјотрес е градот Петриња, на 45 километри југоисточно од Загреб.

Засега нема информации за повредени македонски државјани, a Министерствата за надворешни работи при двете земји се во постојана комуникација.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: