Загина синот на поранешниот пратеник Крсто Муковски, откажан е дел од Вевчанскиот карневал

policija svetla
policija svetla

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат кон Вевчани загина 19-годишниот син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

Zito akcija 640x289px

Според информациите од МВР, најстариот син на Мукоски излетал со возило од патот кон Вевчани и починал од здобиените повреди.

Agria

„На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга“, велат од полицијата.

Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски кажа дека вечерашниот концерт, забавниот дел од Вевчанскиот карневал, е откажан.

„Трагедијата што се случи сношти во Вевчани, сообраќајна несреќа, погина млад член на Вевчани, жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан““ рече Кочовски.

Тој додаде дека Вевчани го чека цела година овој ден, но, не на ваков начин.

Градоначалникот на Вевчани рече дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: