Запленета дрога вредна 150 000 евра,уапсени пет лица

150 kila marihuana

Од министерството за внатрешни работи информираа дека уште од минатиот месец, од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал била спроведена истрага насочена кон лица инволвирани во организирање на меѓународни транспорти на марихуана од Република Албанија преку Република Северна Македонија кон Република Грција, а организатор на криминалната група инволвирана во меѓународни транспорти на марихуана е М.А. (50) од Гевгелија.

Zito akcija 640x289px

“Во текот на истрагата беа добиени информации и податоци дека овие лица во периодот од 19.07.2021 година ќе организираат пренос на поголема количина на марихуана од Албанија до Струга потоа до Гевгелија, со цел истата да ја транспортираат кон Грција. На 22.07.2021, И.К. (37) од Гевгелија, З.Б. (52) од с. Грчиште, Валандово и Д.С. (27) од с. Марвинци со возило „опел вектра“ со гевгелиски таблички се упатиле кон с. Јанковец-Ресен, каде оствариле средба со Д.Д. (38) од с. Ливата, Струга, кој пристигнал со возило „опел вектра“ со ресенски таблички, а со кое Д.Д. ја донел и претходно обезбедената марихуана. Тоа возило било преземено од Д.С. и тој се упатил од с.Јанковец во правец на Градско, а И.К. и З.Б. со возилото со гевгелиски таблички се движеле пред него во улога на чистачи.

Agria


По преземени мерки и активности, на 22.07.2021 околу 16:35 часот двете возила се запрени од полициски службеници од ОКП, ОСОСК и ОСПО-САЕ Тигар, при што во возилото што го управувал Д.С., во багажниот простор биле пронајдени три торби со 54 пакувања марихуана, која според првичните проценки има пазарна вредност од околу 150.000 евра, по што сите се лишени од слобода”, се вели во соопштението од МВР.

За сите превземени активности известен е надлежен Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, при што по комплетирање на целокупната документација против наведените лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од КЗ на РСМ. 

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: