Започна изборната кампања за претседателските избори

Pretsedatelski kandidati 2024

Почна кампањата за претседателските избори. Седум кандидати во трка за местото на претседателската вила „Водно“. Кампањата ќе трае до 22-ри април на полноќ, а гласањето во првиот круг е на 24-ти април-среда, и е неработен ден.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На овие избори учествуват актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска од „Левица“, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, Бујар Османи од коалицијата „Европски фронт“, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, и Максим Димитриевски од „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката Сиљановска-Давкова почнува со митинг пред зградата на Владата. Под мотото „Максимум за Македонија“ претседателскиот кандидат од ЗНАМ Максим Димитриевски најави дека од Крушево ќе води позитивна кампања, со непосредни средби со граѓани и два помасовни митинга. Кампањата на Стево Пендаровски почнува од Прилеп. Во Скопје денеска ќе биде промовиран Изборниот штаб на кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата.  Пендаровски ќе ги посети и општините Кривогаштани и Крушево.

Можеби ќе ве интересира: