Денес, со почеток во 11:00 часот Општина Велес организира свечен настан по повод започнување на изградбата на новиот Градски пазар. Настанот ќе се одржи на горната платформа на веќе постоечкиот пазар.
На свеченоста по повод отпочнувањето на градежните работи на пазарот, ќе присуствуваат градоначалникот Аце Коцевски, претседателот на Владата на република Северна Македонија Зоран Заев, потпретседателите на Владата на Република Северна Македонија Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Биро за регионален развој, Рамиз Реџепи, пратениците Ненад Коциќ и Игор Здрaвковски, претседателот на Советот на Општина Велес Ќирил Гајдов, советници, директори на јавни институции и други поканети гости.
Пред присутните ќе се обратат градоначалникот Коцевски и премиерот Заев.