Запознајте ја велешанката Трендафилка Кирова за која пишуваат странските портали

Пред неколку дена на Brightside го видовме текстот за Трендафилка Кирова од Македонија која, како што пишуваше, направила вистински пресврт во својот живот, напуштајќи ја својата ревизорска работа и почнувајќи да плете најфантастични плетенки од коса со кои жените личат на вистински самовили. Ја побаравме и ја најдовме – во Велес, кадешто живее со своето семејство, сопругот и двете деца.

Zito akcija 640x289px
trendafilka veles frizuri
s

Одвреме навреме, кога немаме авторски текстови, бараме интересни текстови на странските портали, меѓудругите, и на brightside.

Agria

Токму таму пред неколку дена го видовме текстот за Трендафилка Кирова од Македонија која, како што пишуваше, направила вистински пресврт во својот живот, напуштајќи ја својата ревизорска работа и почнувајќи да ги креира и плете најфантастичните плетенки од коса, правејќи со нив такви стајлинзи со кои девојките и жените личат на вистински самовили.

Се разбира дека се заинтересиравме. Ја побаравме и ја најдовме – во Велес, кадешто живее со своето семејство, сопругот и двете деца.

Trendafilka veles

Она што е интересно за Трендафилка и поради што таа, сосема заслужено го добила и вниманието на странските медиуми, па и на bright side (кој, патем, има дури 38 милиони корисници), но и на некои други за нас помалку познати странски портали и блогови, е тоа што е таа всушност магистер по економија и работела како внатрешен ревизор. Откако станала мајка, сосема случајно, плетејќи ја својата коса за време на првата бременост, во најчудесни и комплицирани форми, ја открила својата креативност и умешност и денеска на својот инстаграм профил кадето ги споделува своите креации има повеќе од 200 илјади следбеници, а огромен интерес има и за нејзиниот јутјуб канал на кој ги покажува постапките за своите комплексни креации кои сечија коса ја претвараат во ремек-дело.

Вели дека повеќето од странските медиуми ја исконтактирале преку порака на нејзиниот Инстаграм профил и ѝ испратиле прашања на кои таа со задоволство одговорила, како што го направи тоа и за нас. Иако ни беше дури и малку непријатно тоа што за некој што прави вакви неверојатни креации и живее на само 40 километри дознаваме од странски медиуми и веројатно го потврдуваме она познато непишано правило дека кај нас човек најлесно станува познат и признаен, откако ќе ја покаже својата извонредност во ‘белиот свет’.

Како и да е, за да ја потврдиме вистинитоста на она што го прочитавме на brightside, ја прашавме Трендафилка  дали е навистина економист по професија и дали навистина работела во сосема друга бранша, па смело одлучила да ја напушти работата и да отпочне нешто сосема ново.

„Јас сум магистер по економија. Пред неколку години бев внатрешен ревизор. Тоа беше добра работа, но не беше стилизирање на коса и не беше место каде можев да ја изразам својата креативност. Јас започнав со плетење на мојата коса додека бев бремена со моето прво дете. Почнав да гледам многу туторијали и започнав да вежбам едноставни плетенки. По некое време започнав да учам нови, покомплицирани техники. Оттогаш, плетењето стана моја опсесија. Размислував за нови техники секоја минута.

Тоа е причината зошто решив да направам промена во мојата кариера. Одлучив да ѝ верувам на мојата интуиција и да ја насочам мојата кариера во насока што навистина ќе го одразува тоа што сум. Многу ми е мило што донесов таква тешка одлука.

Сега, сакам сè во врска со мојата работа и уживам во секоја минута од неа. Ми носи радост и исполнетост да ги извршувам своите секојдневни обврски, што ја подобруваат мојата целокупна среќа. Ништо не е тешко кога го сакате она што го правите“, ни раскажа Трендафилка.

Признава дека ваквата драстична промена на кариерата со две мали деца може да биде супер стресен и застрашувачки чекор, но дека му е бескрајно благодарна на својот сопруг кој цело време ја поддржувал и бил покрај неа.

„ Без неговата поддршка и помош ништо од ова немаше да се случи“, вели таа.

Нејзините почетоци со плетењето коси биле кога децата биле на возраст од, првото околу 3 години, а второто само 6 месеци.

„Постарото дете ми е машко, а помалото – девојче. На мојот јутјуб канал има туторијали во кои модел е мојата ќерка. Кога беше помала немаше доволно трпение и не соработуваше, меѓутоа сега, како што расте, сѐ повеќе изразува желба јас да ѝ ја плетам косата, а таа да ми биде модел во моите видеа. Инаку, најчесто работам на кукли, а повремено изнајмувам и модели. Секако, и ќерка ми има своја кукла и се труди на неа да ги искреира моите плетенки.

Најчесто добивам инспирација од Пинтерест, Јутјуб и Инстаграм, со тоа што оставам свој печат на секоја техника. Инспирација за моите плетенки можам да најдам и на најнеочекуваните места, како во тетоважи или во дезен на ќилим…“, вели Трендафилка.

Најмногу време од досега направените плетенки ѝ одзема плетењето на плетенката која има и сосема соодветно име – Infinity (бесконечност ) .

„Досега најдолго имам работено на фризурата на фотографијата подолу, која ја вклучува таа плетенка. За неа ми беа потребни цели 8 часа“, вели таа.

Трендафилка се труди секогаш и самата да ја има својата коса сплетена во интересна плетенка, бидејќи тоа, логично, и се очекува од неа.

„Луѓето кои ме познаваат очекуваат да видат нов дизајн на плетенка на секоја средба, но да бидам искрена, најчесто и немам толку време за себе, па креативноста ја изразувам преку ќерката“, признава нашата соговорничка.

Трендафила била и добитник на OneShot Hair Awards во 2019. година во категоријата плетенки. „На овој натпревар бев номинирана и во категориите свечени фризури и перики. Станува збор за меѓународен натпревар организиран од американскиот бренд ‘behindthechair’ во кој учествуваат реномирани стилисти од целиот свет“, објаснува таа.

trendafilka veles
trendafilka veles

Благодарение на својата фантастична умешност од жените да направи прекрасни самовили, Трендафилка имала повеќе понуди за работа како стилист во салони за убавина во Дубаи, Италија, Данска…

Се радува поради поддршката од најблиските, како и поради големиот број следбеници чии реакции се многу позитивни и ја охрабруваат да продолжи понатаму.

Преземено од: majkaidete