Затвореници ја уредуваат плажата на езеро Младост

Општина Велес во рамките на проектот „Смарт езеро Младост“, во соработка со екипи на ЈКП „Дервен“, деновиве интензивно ги изведува работите на уредување на првата плажа. На припомош за изведување на градежните работи денеска се и затвореници од велешкиот затвор, кои ќе работат и во наредните неколку денови со вработените од ЈКП „Дерен“ и „Тргоцемент“.

На плажата се прави и пристапна патека која е прилагодена и за лицата со попреченост. Се поставуваат метални чадори за сонце со сламена заштита, а се прават и пристапни скали кои водат до паркингот, веднаш под нив тоалети, соблекувални и туш кабини и чешми со вода за пиење, според стандардите на сите плажи покрај езера и море.

Agria

Извор: Libertas

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: