Завршни активности за асфалтирање на дел од улица „Методи Џунов-Џико“ во Кавадарци

Oперативата на ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица денес ги изведува завршните работи за асфалтирање на дел од ул.„Методи Џунов-Џико“ близу локалитетот „Калница“.

Zito akcija 640x289px

Ќе се асфалтираат 400 метри од улицата со што завршуваат градежните работи на капиталниот проект на Општина Кавадарци: „За подобрување на општинските услуги, Грант од Светска банка преку Министерството за финансии, за социјална вклученост „МСИП-2-СГ-НЦБ-002-20“.

Agria

Проектот се однесува на Реконструкција на водоснабдителен систем, одделување на атмосферска канализација и асфалтирање на ул.„Клинска“ и дел од ул.„Методи Џунов-Џико“.Работите на овој капитален проект започнаа во декември 2019 година, а денес се работеше на негово целосно заокружување.

Овој проект е со финансиски средства од 11 598 234 денари како Грант од Светска банка и 2 284 677 денари учество од Општина Кавадарци.

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19514/prodolzhuvaat-nastapite-na-veleshkite-ekipi/