Нивите жедни за вода ги обедини земјоделците од Овче Поле. Со жив штит го блокираа магистралниот пат Свети Николе-Велес. Ваквата одлука следуваше откако организаторите на протестот, како што велат, под притисокот од полицијата беа приморани да ги тргнат тракторите од едната коловозна лента што беа паркирани уште од десет часот утринава.
Содржината продолжува под рекламата
Иако пред една недела ресорниот министер им вети дека вода од хидросистемот „Брегалница“ ќе им биде доставена во доволни количини, посевите им се сушат, а тие трпат огромни штети.
Содржината продолжува под рекламата
Гневни се зашто од една страна немаат вода за наводнување, а од друга, се носи одлука за поскапување на водниот надоместок за над 70%. Минататата недела овчеполските земјоделци добија ветување дека водата во каналите ќе протече , па затоа блокадата ја ставија во мирување. Но дотокот на вода, не им ги задоволува потребите.
Можеби ќе ве интересира: