Земјотрес со јачина од трет степен утрово во 6.32 часот е почувствуван во Охрид и Кичево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда од 3,6 степени.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Можеби ќе ве интересира