Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија на сила е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Забраната важи во петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.
Можеби ќе ве интересира: