Зголемување на цените на горивата од полноќ

gorivo-benziska

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00% во однос на одлуката од 1.7.2024 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,626 ден/кг, и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 48,634 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира: