„Жан Митрев“ ги намалува цените за лицата заразени со коронавирусот

Од денеска клиничката болница „Жан Митрев“ ги намалува цените за лекување на лица кои се болни од коронавирусот, па како што соопштуваат од болницата, наместо 12.000 евра, заразените пациенти од сега ќе се лекуваат 10 дена на полуинтензивна нега и ќе платат 6.000 евра, додека, пак, оние кои се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции ќе платат 8.000 евра.

Zito akcija 640x289px

Намалување во цената има и во хемофилтрацијата, објаснуваат од болницата.

Agria

„Согласно состанокот одржан со министерот за здравство Венко Филипче, а со цел да излеземе во пресрет на што поголем број граѓани во оваа тешка ситуација, би сакале да ве известиме дека почнувајќи од денеска 08.04.2021 година, Клиничката болница Жан Митрев одлучи да овозможи пакети за лекување ковид-19. Досега пациентите плаќаа 12.000 евра, а од сега, за пациенти кои ќе се лекуваат на полунинтензивна нега, лечење во треање до 10 дена ќе чини 6.000 евра. За пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, односно се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции каде биле претходно хоспитализирани, цената за максимум 10 дневно лекување ќе изнесува 8.000 евра. Една хемофилтрација претходно чинеше 4.000 евра, сега со намалување од 10 отсто ќе чини 3.600 евра. Оваа метода на лекување, се применува по согласност од страна на семејството на пациентот. Имајќи ги предвид можните сериозни постковид последици т.е можните компликации по прележана инфекција од вирусот, за сите пациенти кои се лекувале во нашиот ковид-центар одобруваме 50 отсто намалување на цената на услугите за МР на срце и КТ на белите дробови“, се вели во соопштението.

Од болницата апелираат до пошироката јавност и ги повикуваат сите кои се чувствуваат способни да помогнат и кои би сакале да волонтираат, да се пријават.

„Ќе бидат соодветно едуцирани и вклучени во нашите процеси. Искрено се надеваме дека наскоро на пандемијата ќе и дојде крајот, а во меѓувреме потребно е сите да останеме максимално дисциплинирани, посветени и да се вложиме како поединцни во справувањето со последиците за доброто на сите“, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19861/poraneshniot-direktor-na-bjb-koj-e-na-izdrzhuvane-kazna-zatvor-e-pozitiven-na-koronavirusot/