Железничкиот сообраќај во прекин поради бојкот на машинскиот персонал

Zeleznicka Veles voz

Машинскиот персонал во МЖ Транспорт АСД Скопје е во бојкот поради неисплатен втор дел од септемвриската плата, а во целосен прекин се товарниот и патничкиот железнички сообраќај.

Zito akcija 640x289px

Товарниот сообраќај е намален за 90 проценти уште во саботата по 15 часот, а утринава од 7 часот е во целосон прекин патничкиот сообраќај. Според возниот ред, прв од патничките возови што според најавите нема да тргне е на релацијата Скопје-Велес предвиден за 09.20 часот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше на почетокот на август поради неисплатен втор дел од платата за јуни. Откако беше исполнето барањето претставниците на машинскиот персонал го прекинаа бојкотот, но најавија повторни блокади ако не се реализира обврската за исплатата на платата најдоцна до 25-ти во месецот.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: