Четири екипи се на делба на првото место во Третата фудбалска лига-Југ. По четири кола Борец, Младост Кривогаштани, Марена и Превалец имаат по седум освоени бода.
Содржината продолжува под рекламата
Превалец го победи Големо Коњари, Младост на гостински терен го совлада Питу Гули со 3:4, Марена се мачеше со Бучин совладувајќи го со 3:2, Слога беше изненадена од Локомотива Градско со 1:2, а Росоман го декласираше составот на Ултрас со 10:0. Борец ова коло беше слободен.
Содржината продолжува под рекламата
Во недела Борец ќе го пречека Питу Гули, Превалец гостува кај Младост во Кривогаштани, Големо Коњари ќе ја пречека екипата на Марена, БуЧин ќе се надева на првите бодови против Слога Лажани, додека во Градско соседско дерби помеѓу Локомотива и Росоман.
Можеби ќе ве интересира: