На Денот на жената – 8ми март, компанијата Жито Маркети отвори нов маркет, лоциран на улицата Гоце Делчев бр.102 во Гостивар.
На површина од околу 700 метри квадратни, новата продавница на Жито ќе ги понуди сите погодности неопходни за современиот потрошувач.
Содржината продолжува под рекламата
„Од денеска гостиварчани од овој дел на градот ќе имаат поголема, можност своето секојдневно пазарење да го прават поблиску до нивниот дом. Асортиманот во нашиот нов маркет е исклучително разновиден, со најразлични категории производи по најповолни цени, вклучително и нашиот приватен бренд 5ка”, велат од менаџментот на Жито Маркети.
Новата продавница располага со простор за свежо овошје и зеленчук, воедно има три наплатни каси и дванаесет вработени лица. Како и до сега, посочуваат од Жито Маркети, дека за верните купувачи подготвуваат бројни понуди и подароци.
Работното време на маркетот е од понеделник до сабота, од 07:30 до 21:30 часот, недела е неработен ден.
Пр-текст
Можеби ќе ве интересира: