Зијадин Села останува лидер на Алијанса

Зијадин Села нема да поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците, барем не до одржувањето на Конгресот на партијата на 27 март догодина.

Zito akcija 640x289px

Алијанса за Албанците вчера го оддржа Централното собрание каде членовите расправаа за извештајот од локалните избори и формирањето комисија која ќе биде одговорна за организирање на партискиот конгрес кој се очекува да се одржи на 27 март.

Agria

За време на Централното собрание на партијата, Села изјави дека како лидер има одговорност пред структурите и дека не може да ја остави партијата без претседател во ваков период на политички настани.

“Поднесувањето оставка во оваа ситуација би ја оставело партијата без претседател. Има политички случувања и јас во никој случај не би ја играл играта на оние кои не ѝ посакуваат добро на Алијанса за Албанците, а тоа се политичките опоненти. Јас сум должен да го „проголтам“ овој дел од одговорноста и да продолжам да бидат претседател на партијата сè до наредниот конгрес“, изјави Села.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: