среда, 23 септември, 2020
Реклама

ТРМР: Наставничка од „Васил Главинов“ позитивна на ковид-19

Просветен работник од Oсновно училиште во Велес е позитивен на ковид-19, јави порталот tirekovmirece.com. Резултатот на професорката од ОУ Васил Главинов вчера бил пристигнат во Центарот за јавно здравје Велес. Сите нејзини контакти се испратени во изолација.

„Според епидемиолошката анкета таа не можеше да каже од каде се заразила. Десет лица од училиштето се испратени во изолација, како и нејзиното семејство“, соопштија од Центарот за јавно здравја Велес.

Од училиштето информираа за порталот дека работеле по протокол, кој од страна на вработените бил почитуван.

„Се работи по две лица во кабинет, таков бил и случајот со колешката која е позитивна.  Колегите кои се во изолација биле во краток контакт со неа низ училишните ходници, кога излегувала и доаѓала на работа“, изјавил за tirekovmirece.com Сашко Чоков, директор на училиштето „Васил Главинов“.

Од Центарот за јавно здравје дополнија дека во текот на вчерашниот ден на триесеттина велешани им било врачено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, оти имале контакт со некој од петмината случаи, кои се очекува денес да бидат објавени дека се позитивни на ковид-19.

Извор: tirekovmirece.com

Можеби ќе ве интересира:

Реклами