среда, 23 септември, 2020
Реклама

Вардар направи пресврт со фантастична серија, но потклекна во финишот во Брест

ардар го покажа своето шампионско лице во најголем дел од второто полувреме на денешното гостување во Брест, но за жал, на крајот потклекна во Белорусија и претрпе прв пораз на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите.

На натпреварот кој се одигра пред лимитиран број гледачи во Брест, домаќините комплетно ги контролираше случувањата во првиот дел и сосема заслужено имаше предност на паузата од 12:10, но Вардар фуриозно возврати на стартот на вториот дел и се врати од негативата од четири разлика.

Македонскиот претставник направија импресивна серија од 6:0 и поведе со плус два на семафорот, но сепак „дупката“ во која влезе Мешков не ја искростија докрај избраниците на Алушовски.

Вардар успеа да се избори за пресврт благодарение на одличниот Ристовски и добрата игра во нападот, но потклекна во финишот, или поточно немаше решение за Паниќ.

Играчот на Мешков беше најефикасен со седум постигнати гола, а истите ги реализираше од исто толку обиди и имаше стопроцентен ефект. Кај Вардар, Вујин реализираше шест пати, додека Дисингер ја заврши средбата со четири гола во конечниот пораз од 24:22.

Преземено од derbi.mk

Можеби ќе ве интересира:

Реклами