четврток, 22 октомври, 2020
Реклама

Одбраната на Миле Јанакиески бара ослободителна пресуда

Mile Janakieski

Со завршни зборови на одбраната на поранешниот министер за транспорт и врски, почна денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“.

Димитар Дангов кој е адвокатот на Миле Јанкиевски, му предложи на Обвинителството да го повлече обвинението бидејќи не се докажало дека е сторено кривичното дело за кое обвинет е Јанакиески.

Адвокатот на Јанкиевски рече дека анализирајќи го обвинителниот акт, обвинителството со ниту еден свој чекот и постапка не докажало вина за неговиот клиент.

„Не е фер да сте обвинети, а потоа тоа не важи и се повлекува. Во делот за својството на Јанакиески се внесуваат квалификации и тоа само субјективно без докази со единствена цел да се зголеми вината кај Јанакиески“, рече Дангов.

Дангов посочи дека иако судот не прифатил да го сослуша владиката Агатаангел, неговата изјава дадена за медиумите била да не се урива црквата.

„Дали повикот на Агатангел требаше да содржи молби за одење во црква и со палење свеќи да се очекува да не се промени Деталниот урбанистички план со кој треба да се урне црквата во Центар“, рече во адвокатот на Миле Јанакиевски, Димитар Дангов.

Во случајот „Насилство во Центар“, обвинет останува поранешниот премиер Никола Груевски, на претходното судење, Обвинителството го промени обвинението и од одговорност ја ослободи поранешната пратеничка Даниела Рангелова.

Можеби ќе ве интересира: