недела, 25 октомври, 2020
Реклама

Горивата остануваат по иста цена

Tocenje gorivo

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата недела.

Еуросупер БС-95 повторно ќе се продава за 60,50 (денари/литар), Еуросупер БС-98 за 62,50 денари, Еуродизел (Д-Е V) за 49,50 денари, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,50 денари. 

Но, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе порасне за 0,355 ден/кг и ќе биде 25,666 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира: