недела, 25 октомври, 2020
Реклама

(ВИДЕО) Филипче објави: Ова ќе бидат новите рестрикции кои ќе се предложат ако викендов се влоши состојбата

Ограничување на капацитет на луѓе во јавен превоз до 50 посто, целосна забрана на секакви настани и крај на работното време на економските оператори во 23 часот, се дел од мерките кои Комисијата за заразни болести ќе ги предложи до Владата в понеделник, доколку продолжи сегашниот тренд на зголемување на бројот на новозаразени со ковид-19.

Новите мерки, како што кажа министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција, се општи и ќе опфатат повеќе сегменти за трансмисија на вирусот, бидејќи има заразени кои не знаат каде се заразени.

Овие мерки се дополнување на оние кои веќе чекаат законски измени, задолжително носење маски на отворено, забрането групирање по 22 часот и ограничување на домашните посети.

Во однос на состојбата со болниците, Филипче кажа дека спремна е модуларната болница до Инфективната клиника, но таму се уште нема пациенти, пристигнати се лекари и медицински сестри од останатите клиники, а функционира и ротацијата на медицинските лица.

При образложувањето на новите мерки, Филипче потсети дека бројките на новозаразени насекаде во регионот и во Европа се зголемуваат, како што и се очекуваше за есенскиот бран и во сите земји се воведуваат рестриктивни мерки.

Можеби ќе ве интересира: