вторник, 24 ноември, 2020
Реклама

(ВИДЕО) „НОКАУТ“ го промовираше спотот за „Сакам да живеам“, а најави и документарец, нов албум и ново лого на бендот

Иако во моментов живееме во еден исклучително тежок период на социјална дистанца, намалени контакти, финансиска криза, „Нокаут“ се реши да внесе малку свежина во етерот. Во средата тие го промовираа спотот за макфестовската победничка тема „ Сакам да живеам“.

„Режијата е на Јован Куциноски, со кој го работевме и видеото на „Позитивно“. Спотот е снимен на локации во Маврово и во Охрид. Се надеваме дека успеваме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите кои ги носи самата песна“, изјави Никола Перевски – Пере на промоцијата на спотот.

Бендот го најави и документарниот филм со работен наслов „Би се викал Нокаут“ во режија на нивниот драг пријател Владимир Митревски Ѓуле.

„Тој заедно со неговата екипа последниве неколку месеци не следи секаде каде што одиме и лови интересни моменти од нашите настапи, проби, дружби. Во него ќе бидат вклучени и песните од новиот албум, кои се снимени во живо, само за потребите на документарецот. Ветуваме необичен видео документ со многу необична приказна“, откри Перевски.

Новиот, четврти студиски албум на „Нокаут“, е во завршна фаза. Дел од песните кои ќе се најдат на изданието се веќе објавени, а дел од нив се комплетно нови. Неговата промоција се планира за почетокот на следната година. На промоцијата беше претставено и новото ребрендирано лого, кое ќе биде белег на следните проекти на бендот. Дизајнот на логото го направи Андреј Марјановиќ.

Можеби ќе ве интересира: